Опис
Рачен палетар NOBLELIFT NL AF15 1.5t
Палетен виљушкар со капацитет на подигнување од 1.5 тони, изработен од најквалитетни материјали, наменет за манипулација на палетирана стока во продавници, магацини и сл. Располага со силна хидраулична пумпа која овозможува брзо и константно кревање, зајакната шасија и тркала од специјална карго-гума за лесно и мазно движење низ просторот.
Технички карактеристики:
- Капацитет на подигнување: 1500 kg
- Висина на подигнување: 85 – 200 mm
- Погон – Рачен
- Должина на виљушки: 540 x 1150 mm
- Галванизирана пумпа
- Материјал на управувачки тркала: PU (силиконски)
- Материјал на товарни тркала / тип: PU (силиконски) /тандем
- Производител: NOBLELIFT
- Земја на потекло: Кина
*Фотографијата е од репрезентативна природа.




























