Нашата визија
Добредојдовте во Техномакс – вашата најблиска онлајн продавница за сè за домот и повеќе од тоа! Ние сме посветени да ви обезбедиме широк спектар на квалитетни производи од реномирани брендови, по конкурентни цени и со врвна услуга.
Нашата приказна започна со визија да создадеме едноставно и пријатно искуство за онлајн купување, каде што секој може лесно да ги најде потребните производи за својот дом, работа или хоби. Без разлика дали барате нов телевизор, бела техника за кујната, алати за поправки или клима уред за совршена клима во вашиот простор, во Техномакс ќе го најдете токму она што ви треба.
Се гордееме со нашата посветеност на:
- Квалитет: Работиме само со докажани брендови и производи кои ги исполнуваат високите стандарди за квалитет и издржливост.
- Разновидност: Нудиме широк асортиман на производи за да ги задоволиме различните потреби и вкусови на нашите клиенти.
- Конкурентни цени: Се трудиме да понудиме најдобри цени на пазарот и редовно организираме акции и попусти.
- Одлична услуга: Нашиот тим е секогаш тука да ви помогне со совети, информации и поддршка пред, за време и по купувањето.
- Безбедно онлајн купување: Вашата безбедност при онлајн плаќање ни е од најголема важност.
За нашата компанија
Прометал ДООЕЛ е основана во 1992 година. Ние сме компанија со долгогодишно искуство во трговијата, посветена на обезбедување широк спектар на производи кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти.
Нашата приказна започна со визија да создадеме место каде што клиентите ќе можат да најдат се што им е потребно на едно место, од производи за домаќинство и алати, до електроника, опрема за градина и многу повеќе. Се стремиме да понудиме внимателно избран асортиман на производи од реномирани брендови, со гарантиран квалитет и конкурентни цени. Официјален застапник сме за брендовите MAN-DRA, EL-BI , ABB како и други реномирани производите за економично затоплување на мали и средни објекти за домување.
Станете наш партнер!
Сакаме да ја прошириме нашата понуда и партнерски со вас да им понудиме на нашите купувачи уште повеќе квалитетни и интересни производи.
Зошто соработка со нас:
Поголем пазар: Нашата онлајн продавница има голема база на задоволни купувачи и континуирано расте.
Промоција и маркетинг: Вашиот бренд и производи ќе бидат промовирани на нашата платформа, допирајќи го поширок круг на купувачи.
Партерски односи: Отворени сме за долгорочни партнерски односи, каде што вашиот бизнис може да расте заедно со нас.
Ако сте заинтересирани да станете дел од нашата онлајн заедница и да ги претставите вашите производи на нашата платформа, ве молиме контактирајте нè на info@tehnomaks.mk.
Зошто да купувате кај нас?
Корисничка поддршка
Добредојдовте на tehnomak.mk!
Ние сме тука за вас секогаш кога ќе ви треба помош или информации. Нашата корисничка поддршка е посветена на вашето задоволство и искуство при купувањето. Ако имате било какви прашања, проблеми или сомнежи, не се колебајте да не контактирате.
Нашите вработени за корисничка поддршка се достапни преку чет, е-пошта или телефон.
Врвни светски брендови
Во нашата онлајн продавница врвни светски брендови се собрани под еден кров. Ние сме посветени на обезбедување на нашите клиенти со најдобрите производи од најпознатите и најреномирани светски брендови.
Секој производ што ќе го најдете кај нас е внимателно одбран и проверен за квалитет. Ние се грижиме за вас и затоа што ви нудиме само производи што ги одбиравме на основа на нивната издржливост и функционалност.
Со нас можете да бидете сигурни дека ќе добиете не само производ, туку и искуство. Ние гарантираме дека секој производ на нашиот сајт е автентичен и со врвен квалитет, што ви овозможува да го купите со полна доверба.
Брза испорака низ цела држава
Сакаме да го направиме вашето шопинг искуство што е можно попозитивно и поудобно. Затоа што го цениме вашето време и знаеме колку е важно вашата порачка да ви биде испорачана брзо и безбедно, нудиме брза испорака низ целата држава.
Со нашиот брз и ефикасен систем за испорака, обезбедуваме дека вашата порачка ќе биде доставена до вас во најкраток можен рок.
Брзата испорака низ целата држава значи дека секој купувач, каде и да е, може да ужива во нашите производи со само неколку клика.
Грижа за корисници
Ние сме тука за да ви помогнеме со сите аспекти на вашето шопинг искуство, вклучително со пронаоѓање на производи, помош при плаќањето, следење на порачки и решавање на проблеми со испораката.
Вашето задоволство е наш приоритет и ние сме тука за да направиме вашето онлајн искуство да биде лесно, пријатно и безбедно. Благодариме што избравте да купувате кај нас!
Над 1000+ задоволни купувачи
Вашата доверба е наша гордост!
За нас, вашето задоволство е најголемата награда. Со многу задоволни купувачи, ние продолжуваме да го подобруваме вашето искуство и задоволство и да нудиме најдобри производи и услуги.
Благодариме за вашиот избор и поддршка. Вашиот позитивен фидбек и лојалността што ја покажувате нè водат кон уште подобра и попосветена услуга.
Бидете дел од нашата заедница на задоволни купувачи и дознајте зошто сме препознати како избор број еден. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна а ние сме овде за да го направиме вашето шопинг искуство совршено!
- Правила и Услови за користење
- Политика на приватност
- Поврат, замена, рекламации
- Испорака
- Начин на плаќање
- Како да купите?
Прометал ДООЕЛ ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ. Овие Правила се применуваат на сите содржини и услуги на веб страницата www.tehnomaks.mk.
Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови и дека со тоа прифаќате дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Погледнете ги на линкот целосно нашите Правила и Услови за користење
Политиката на приватност содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.tehnomaksi.mk.
На линкот погледнете ја нашата Политика на приватност
Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот од доставувачот со приложување на фактурата и/или фискалната сметка, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е користен.
Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања или друг вид недостатоци, веднаш да пријавите до контакт центарот на aparati.mk преку е-пошта или на телефонскиот број наведен на страницата.
Целосниот текст на правилата погледнете го на Правила и услови за поврат и рекламации на производи
Испорака се врши само на територијата на Република Северна Македонија.
Нашата процедура за испорака на производи е целосно транспарентна, што подразбира дека ќе добивате информации кога плаќањето ќе биде успешно завршено и кога пакетот е на пат до наведената адреса.
РЕДОВНА ДОСТАВА
Доставувачите ја доставуваат пратката до наведената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 17:00 часот. Во недела и на празници курирската служба не испорачува.
Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно или достапно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку курирот не успее да Ве пронајде и по два обиди, тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Рок на испорака
Рокот на испорака е од 2 до 4 работни дена.
По исклучок, во случаи на испорака на производи и пратки со тежина поголема од 30 кг., можни се отстапувања во смисла рокот на испорака да биде подолг од наведениот. Исто така, во периодот на сезонски намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.
Трошоци за достава
Доставата на производи со вредност над 2.900 денари е бесплатна.
Трошокот за достава на производи со вредност под 2.900 денари е на товар на купувачот и се наплаќа согалсно тарифата на курирската служба,
Брза достава
Опцијата за брза достава важи само за испораки територијата на град Скопје и истата е достапна да се одбере како начин на достава при креирање на нарачките од 09:15 до 14:00 часот од понеделник до петок и од 10:00 до 12:00 часот во сабота.
Рок на испорака
Нарачките кои што се креирани со опцијата за брза достава ќе бидат доставени истиот ден во рок од 5 часа, најдоцна до 18:30 часот. Доставата на брзите пратки е до адресата која што е оставена од корисникот при креирање на нарачката. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно и достапно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате наведено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Трошоци за брза достава
Цената за брза достава на територијата на град Скопје изнесува 290 денари и се однесува за сите пратки без оглед на вредноста на нарачаните производи.
Посебно известување:
Брзата достава може да биде оправдано неиспорачана во истиот ден во услови на затварање на градското сообраќајно подрачје за време на штрајкови, масовни собири или други настани кои подразбираат забрането движење на возила и нередовен сообраќаен режим.
Брзата достава не се испорачува за време на државни празници и недела.
Доколку сметате дека треба да се променат било какви информации во врска со пратката, ве молиме обратете се до нашиот контакт центар.
За сите други информации, контактирајте не на телефонскиот број 070 31 55 40 или преку e-пошта на naracki@tehnomaks.mk
Сите цени кои што се објавени на веб страницата tehnomaks.mk се прикажани со вклучен ДДВ.
Достапни се два начини на плаќање при купување на производи преку нашата онлајн продавница – со платежна картичка или плаќање при испорака во готово.
Плаќање при испорака:
Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина.
Доколку е потребно да се рефундираат средства за производи кои што се нарачани со плаќање во готовина, по испорака, рефундацијата се прави исклучиво на доставената трансакциска сметка од страна на корисникот.
Плаќање со платежна картичка:
Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страницата за плаќање, која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и банката преку која се одвива плаќањето (Стопанска банка АД Скопје), додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
Напомена: Во случај на откажување на нарачката, вашите средства ќе ви бидат рефундирани во рок до 14 дена.
Креирање на профил
За да можете да купувате на нашата веб страница, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на Вашиот е-маил ќе Ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.
Доколку сте регистриран корисник на нашиот сајт потребно е да кликнете на полето НАЈАВИ СЕ во горниот десен агол, да се најавите со Вашата е-маил адреса и да продолжите со купување.
Во случај да не сте регистриран корисник, откако ќе ги додадете посакуваните производи во кошничка, под нив го избирате полето Нарачка без регистрација, каде што е потребно да ги внесете Вашите точни лични податоци, да изберете начин на плаќање и да кликнете на полето Направете нарачка, по што ќе добиете е-маил за потврда на нарачка.
*Напомена: Ве молиме проверете ги Вашите внесени лични податоци.
Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате податоците ќе стојат на веќе креираниот профил.
Избор на производи
На почетната страница поставено е мени од кое можете да ги изберете и разгледувате производите според категорија, бренд или според вид на производи.
Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со достапни производи. Од левата страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: бренд, вид на производ, тип, цена, достапност, попусти и сл.. Со избор на полето покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или насловот на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, називот на производот и сл.
При преглед на производите кои се достапни за купување, под производот се наоѓаат полиња со опис на производот и неговите технички спецификации.
Со притискање на полето “ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.
Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страницата, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.
*Напомена – Производите додадени во кошничка не се резервираат.
Нарачување на производи од кошничката
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните количини, од Вас ќе биде побарано да се регистрирате, да се логирате на својот профил или да креирате нарачка без регистрација. Потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање, со што ќе Ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.
Купување може да направите и преку телефон со помош на анашите вработени, или преку каналите за комуникација на нашите социјални мрежи.
Начин на плаќање
За да купите производи преку страницата, достапни се два начини на плаќање – со платежна картичка или плаќање при испорака во готово.
Сите цени кои што се објавени на страницата tehnomaks.mk се прикажани со вклучен ДДВ.
Плаќање по испорака:
Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина.
Последниот чекор е кликнување на копчето Премини кон плаќање.
Плаќање со платежна картичка:
Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на банката која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :
– Број на платежната картичка
– Име и презиме на носителот на картичката
– Датумот на важност на картичката
– CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на задната страна на вашата картичка
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Стопанска Банка АД Скопје, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
Веднаш по ова, ќе добите е-пошта за потврда со деталите за нарачката. Доколку сте регистриран корисник, во секое време можеш да го проверите статусот на нарачката на линкот што ќе го добиете на е-поштата или на вашиот кориснички профил.
Напомена:
Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.
Достава
Рокот на испорака е од 2 до 4 работни дена.
Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 17:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме евентуална повторна достава.