Опис
АЛПОС СКАЛА 44-10 РАТИО ТРОДЕЛНА ПОВЕКЕНАМЕНСКА
Пет скали во една! Триделната повеќенаменска скала Ratio нуди бројни можности за задоволување на најразлични домашни потреби. Може да се користи како:
едноделна скала,
дводелна прислонета скала,
триделна прислонета скала,
самостојна „А“ дводелна скала или
самостојна „А“ триделна скала.
Должината на прислонетата скала може слободно да се менува.Квалитетните алуминиумски цевки, заедно со неклизгачките пластични капачиња, стабилизирачката шипка, сигурносните ремени и цврстата поцинкувана челична опрема, обезбедуваат висок степен на безбедност.
Скалата е конструирана и изработена во согласност со европскиот стандард EN131, кој дозволува максимално работно оптоварување од 150 кг.
Висина на преклопена скала: 2,85 m
Висина на продолжената триделна скала: 6,00 м
Висина на самостоечката триделна скала „А“: 4,30 m
Тежина: 15,0 кг













