Машина за хемиско чистење Star 60 CCM

Бесплатна испорака

44.390 ден

Нема на залиха

Опис

Машина за хемиско чистење Star 60 CCM
Професионална машина за длабинско перење на теписи и тапациран мебел со 2 независни мотори за смукање и моќна пумпа за распрскување вода и хемикалија. Изработена од нерѓосувачки челик кој гарантира долготрајност на машината.
Моќ и ефикасност без компромис
Оваа машина е опремена со два моќни мотора од по 1200W, кои обезбедуваат исклучителна сила на вшмукување и длабинско чистење. Со резервоар од 60 литри, лесно се справува со големи површини и интензивна нечистотија.
Универзална примена
Идеална за:
Автомобилски седишта и ентериер
Тапациран мебел: фотелји, троседи, аголни гарнитури
Теписи, душеци, перници и друго
Совршено решение за автоперални, домаќинства, хотели, канцеларии и болници.
Практичен и компактен дизајн
Star 60 CCM нуди сила на професионален уред во компактна форма. Лесна е за користење, со едноставни команди и ергономски дизајн кој овозможува удобна работа во сите услови.
Брзо и длабинско перење
Системот за чистење користи хемиски раствор кој под притисок навлегува длабоко во материјалот, отстранувајќи:
Маснотии
Тврдокорни дамки
Мириси и нечистотии
Површините по перењето се речиси суви и веднаш подготвени за користење.
Напон на струја
220V/50Hz
Сила на мотор
2 х 1200 W
Резервоар
нерѓосувачки челик
Капацитет на резервоар
60 L
Пумпа
4 bar
Проток на воздух
120 L/s
Тежина
30 kg
Кабел
10m
Бучава
70 dB
Дијаметар и должина на црево
fi 38mm / 230 cm
Димензии Д х Ш х В
500 х 610 х 980 mm
Бренд
Star