Опис
Мопед Cammello Comfort 50
Спојот на квалитет, практичност, економичност и модерен дизајн ни доаѓа спакуван во новиот Migliori Cammello Соmfort .
Мопедот кој освојува со својот интересен изглед , а се истакнува со неговата врвна управливост, удобност и универзалност. Изработен е од квалитетни иновативни и трајни материјали, со интегрирана, засилена рамка која гарантира голема носивост и издржливост. Има највисок клиренс во класата, преден телескоски управувач, задни амортизери со пет степени на висина, хидраулична предна-диск кочница и задна-барабан ножна кочница. Располага со пракитечн централен простор за одлагање и чување на разни предмети . Варијантата Comfort, најбогато опремената варијанта од овој мопед, ни доаѓа со фелни направени од лесен материјал, и многу други детали кои го дефинираат неговиот спортски изглед.
Покрај економичниот четири-тактен бензиски агрегат, негов главен адут е четири степениот, полу-автоматски менувач кој овозможува константен вртежен момент и доволна моќ да се совлада секој терен .
Технички карактеристики:
- Tип на мотор: 4 тактен- бензин
- Моќност на мотор: 1,9 kW / 4000rpm
- Зафатнина: 49.6 cc
- Сопирачки: Диск/ барабан
- Максимална брзина: 45 km/h
- Алумински бандажи
- Ветробран
- Тежина: 86 kg
- Производител: Migliori
- Земја на потекло: Кина
- Спојот на квалитет, практичност, економичност и модерен дизајн ни доаѓа спакуван во новиот Migliori Cammello Соmfort .











