Опис
Секира 1400 А Gardena
Должина: 60 cm
Teжина на секирата: 1.4 kg
Производител: Gardena
Земја на потекло: Германија
Универзалната секира Gardena 1400 A е разноврсна алатка за сечење и за цепење на огревно дрво. Mоже да се цепат црврсти дрва како даб и бука, како и меки дрва на пр. смолест бор. Подеднакво е погодна за сечење на гранки и отсекување на корени од стебла. Важна карактеристика на оваа секира е избалансираниот центар на гравитација кој е близу до главата на секирата и овозможува силни и прецизни удари со соодветна дистрибуција на тежина и следствено на тоа зголемена моќност и прецизност. Оваа секира е опремена со чекан на задната страна на секирата кој овозможува можен удар при цепење на дебели дрва со помош на клинови. Врската помеѓу рачката и сечилото е заштитена со заштита од не’рѓосувачки челик кој ја штити рачката доколку го промашите дрвото при цепење. Сечилото е направено од челик со специјална обвивка која значително го намалува триењето и го олеснува навлегувањето во дрвото.







