Циркулациона пумпа HSTEP 32/8 | 5/4″ приклучок | Енергетска класа А | Фреквентна регулација

1 години гаранција

Официјална гаранција: 1 год.

Бесплатна испорака

8.250 ден

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

Циркулациона пумпа HSTEP 32/8 | 5/4″ приклучок | Енергетска класа А | Фреквентна регулација

HSTEP 32/8 е врвниот модел од HSTEP серијата и претставува професионално решение за најзахтевните системи за греење и циркулација. Со максимален проток до 5 m³/h и потисок до 8 метри, оваа пумпа без проблем ги покрива потребите на големи станбени, деловни и цивилни објекти. Фреквентната регулација обезбедува интелигентна автоматска контрола на работата, со минимална потрошувачка од само 5 W кога системот не бара полн капацитет. Благодарение на месинганото работно коло, TÜV сертификатот и GS ознаката за безбедност, оваа пумпа е синоним за квалитет, сигурност и долготрајност. Идеална е за корисници кои бараат максимална ефикасност и нулта компромис во работата на системот.

Главни предности:

  • Енергетска класа А – до 80% помала потрошувачка во споредба со стандардни пумпи

  • Фреквентна регулација – паметна оптимизација на работата во реално време

  • Дигитален дисплеј – следење на потрошувачката и работниот режим

  • Приклучок 5/4″ – максимален проток со минимален хидрауличен отпор

  • Работно коло од месинг – издржливо при континуирана работа и високи температури

  • Погодна за соларни системи со гликол

  • TÜV Rheinland сертификат и GS ознака за безбедност

  • Тивка и стабилна работа

  • Вклучени холендери и дихтунг гумички

Препорачана примена:

  • Големи куќи, вили и деловни објекти

  • Централни котларници

  • Повеќекатни станбени и цивилни објекти

  • Големи подни системи за греење

  • Соларни системи со повеќе колектори и поголем капацитет

Технички спецификации

ПараметарВредност
МоделHSTEP 32/8
Влез5/4″
Излез5/4″
Протокдо 5 m³/h
Висина на потисокдо 8 m
Потрошувачка мин.5 W
Потрошувачка средна45 W
Потрошувачка макс.70 W
Енергетска класаА
РегулацијаФреквентна (автоматска)
Работно колоМесинг
СертификатиTÜV Rheinland, GS
НаменаЧиста вода, домашна и цивилна употреба
ВклученоХолендери и дихтунг гумички