TOSHIBA Инвертер клима уред Seiya RAS-13E2AVG-E

Toshiba
SKU: RAS-B13E2KVG-Е RAS-13E2AVG-E

49.990 ден

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

TOSHIBA Инвертер клима уред Seiya RAS-B13E2KVG-E / RAS-13E2AVG-E е идеален избор за оние кои бараат сигурен, енергетски ефикасен и тивок клима уред со одлични перформанси, дизајниран за употреба во простории од средна големина (до 35 m²). Со капацитет за ладење од 3.3 kW и за греење од 3.6 kW, овој модел нуди високо ниво на удобност и прилагодливост во различни климатски услови.

TOSHIBA Инвертер клима уред Seiya претставува совршен влез во светот на климатизацијa. Овој модел од Toshiba е опремен со економичен инвертер компресор и сите функционалности на кои се навикнати корисниците на премиум бренд како Toshiba.

TOSHIBA Инвертер клима уред Seiya го користи новиот ладилен медиум R32, кое што не е само поеколошки, туку и носи дополнителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија.

Toshiba inverter системите се посебно ефикасни, бидејќи модулацијата на капацитетот односно снагата на компресорот ја прават до совршенство. Односно Seyia inverter клима уредот може да модулира константно помеѓу 20% и 100% користејќи интелегентна контрола, со тоа се добива константна температура во просторијата.

Seiya го намалува нивото на бучава со две функции за тивко работење: QUITE на внатрешната единица ви овозможува непречен мир ноќе и SILENT на надворешната единица за апсолутна тишина кај Вашите соседи. И сето тоа со само едно притискање на копче! 

Покрај тивката и економична работа, уредот Seiya ќе ви обезбеди и одличен квалитет на воздухот благодарение на филтерот „IAQ“ и разменувачот на топлина Magic Coil. Разменувачот на топлина на внатрешната единица секогаш се одржува чист и сув со помош на специјален слој заедно со функцијата за самочистење по завршувањето на работата при ладење, со тоа се избегнуваат непријатните мириси и развој на бактерии.

Клучни Карактеристики:
  • Капацитет за ладење: 3.3 kW
  • Капацитет за греење: 3.6 kW
  • Енергетска класа: A++ за ладење и A+ за греење, што овозможува значителни заштеди во потрошувачката на енергија.
  • Рефрижерант R-32: Овој модел користи еколошки рефрижерант кој има низок потенцијал за глобално затоплување, што го прави поеколошки и поефикасен.
  • Тивка работа: Со ниво на бучава од само 19 dB(A) во тивок режим, оваа клима е идеална за спални соби, канцеларии или простории каде тишината е важна.
  • Функција за самочистење: Оваа функција го одржува топлинскиот изменувач чист од мувла и нечистотии, што го продолжува животниот век на климата и ја подобрува ефикасноста.
  • 2D насочување на воздух: Моторизираните ламели овозможуваат оптимално хоризонтално насочување на воздухот, што обезбедува рамномерно разладување или загревање на просторијата.
Технички Спецификации:
  • Номинална потрошувачка на енергија: 1.10 kW за ладење и 0.92 kW за греење.
  • Ниво на бучава на внатрешната единица: 19-42 dB(A) во зависност од режимот.
  • Проток на воздух: До 560 m³/h за греење и 540 m³/h за ладење.
  • Димензии: Внатрешна единица (770 x 280 x 220 mm), надворешна единица (660 x 240 x 530 mm).
  • WiFi компатибилност: Со опционален додаток, уредот може да се поврзе со WiFi, овозможувајќи контрола преку мобилна апликација.
Енергетска Ефикасност и Еколошка Одржливост

Овој клима уред припаѓа на енергетската класа A++ за ладење, што значи дека ќе уживате во пријатна клима со минимална потрошувачка на енергија. Рефрижеранот R-32 не само што е еколошки, туку и помага во подобра ефикасност на уредот, обезбедувајќи одлични перформанси со помалку енергија.

Иновативни Функции
  • ЕCO Logic: Оваа функција овозможува намалување на потрошувачката на енергија до 25%, што е одлично за долгорочни заштеди.
  • Тивка работа: Внатрешната единица работи исклучително тивко, дури и во највисоките поставки, што го прави идеален за употреба во спални или простории каде е потребна тишина.
  • Hi Power режим: Брзо ја достигнува саканата температура, благодарение на функцијата за засилување на капацитетот.
  • Контрола на влажност: Моделот има можност за одвлажнување, што го прави многу корисен во летните месеци кога влажноста е висока.
  • A++ висока енергетска класа ладење / греење
  • DC Hybrid Inverter технологија
  • ULTRA Fresh филтер, функција самочистење со антипрашест филтер
  • исклучително тивка работа (дури до 19 dB)
  • Тoshiba TWIN ROTARY компресор (кај моделот Seiya 24)
  • ON-DEMAND Defrost – избор на defrost/заштита од замрзнување преку далечински управувач
  • можност за WiFi поврзување
  • опсег на работа ладење – надворешна температура од -15 ÷ 46oC
  • опсег на работа греење – надворешна температура од -15 ÷ 24oC

Toshiba SEIYA RAS-B13E2KVG-E / RAS-13E2AVG-E е перфектен избор за корисници кои бараат висококвалитетен клима уред со одлична енергетска ефикасност и тивка работа. Со својот капацитет од 3.3 kW за ладење и 3.6 kW за греење, тој обезбедува идеални услови во текот на целата година.