Опис
Перач под висок притисок HPC CRUISER 200 EXTREME Lavor
Дизајниран за најпребирливите клиенти, овој перач под висок притисок има компактни димензии, но стандардно е опремен со моќен индукциски мотор, професионални додатоци и нуди извонредни перформанси. Идеален за домашни работи како миење автомобил, мотор, градинарски алат и сите надворешни површини околу куќата.
Има 3 клипна пумпа со алуминиумска глава и вграден бајпас вентил, вграден резервоар за детергент, ергономска рачка, професионално метално копје, сет од 4 дизни (0-15-40° + дизна за детергент) и турбо дизна.