18/54V Аголна брусилка 125mm FVA 6Ah

3 години гаранција

Официјална гаранција: 3 год.

🔗 Регистрирај ја гаранцијата тука
Бесплатна испорака

39.990 ден

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

Аголна брусилка 125mm FVA 6Ah

Алатите на Dewalt со FlexVolt Advantage опремата имаат надградени електронски модули и компоненти кои овозможуваат дополнителна моќност на моторот. Поседуваат целосна компактибилност со 18V XR батерии и сите XR 54V FLEXVOLT батерии. Предност на оваа брусалка е што може да ги користи FLEXVOLT батериите и притоа ја зголемува ствојата моќност за до 70% во зависност од батеријата која ја користите.
Има компактен дизајн кој преку обликуваната задна и странична рачка му овозможува на корисникот зголемен стисок и удобност. Заштитните мрежести штитници за прашина нудат дополнителна заштита од прашина и контаминација на моторот. Овој модел содржи заштитни компоненти како кочницата пртоив повратен удар Kickback Brake како и електронска кочница E-CLUTCH систем за дополнителна безбедност на корисникот. Исто така има вградена заштита од преоптоварување која детектира превисока температура на алатот и прекинува со работа додека не се олади на соодветна температура. Придобивка е и мекиот електронски старт.

Доаѓа со 1 X FLEXVOLT 54V батерија со 6Ah капацитет, универзален брз полнач, TSTAK куфер, странична рачка која може да се користи во 2 позиции, 125mm штитник и клуч за затегање на дискот.