18V Дупчалка/одвртувач 2xPOWERSTACK DeWALT

3 години гаранција

Официјална гаранција: 3 год.

🔗 Регистрирај ја гаранцијата тука
Бесплатна испорака

29.990 ден

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

Дупчалка/одвртувач 2xPOWERSTACK

Дупчалка/одвртувач со напон 18V и максимален вртежен момент 90Nm. Доаѓа со куфер, полнач и 2×1.7Ah POWERSTACK батерии.

Мотор без четкици со вртежен момент од 90Nm кој ја прави дупчалката најмоќна во својата категорија, а притоа ергономскиот дизајн од само 164mm должина обезбедува максимални перформанси во ограничени средини. Дупчалката има 2 брзини и 15 позиции на јачина за максимална контрола во сите примени за дупчење и прицврстување.

Поседува интегрирана LED светилка која овозможува подобрена видливост на работното место.

Зошто POWERSTACK:

Добивате 50% повеќе енергија** со 25% помали димензии и 12% помала маса. Оваа батерија обезбедува
двапати подолг век на траење** од стандардните цилиндрични батериски ќелии и е компатибилна со сите
18V XR алати и полначи. Создадена е со спцијално обликувана основа обложена со гума која не може да го
оштети материјалот со кој работите. Искористете ги предностите на нашата најлесна и најмоќна батерија** со
50% поголема моќност и двоен век на траење** кои создадат доверливо LI-Ion решение за вашите алати.
За прв пат со 3 годишна гаранција на батеријата.