-33%

Samsung Galaxy Fit3 Smartwatch Gray

Samsung
SKU: 0001339801
Бесплатна испорака

Original price was: 5.990 ден.Current price is: 3.999 ден.

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

 

До 13 дена со едно полнење

Голем AMOLED дисплеј од 1,6 инчи

Го следи спиењето и над 100 вежби

Инстант известувања и медиумски контроли
Трае до 13 дена со едно полнење. Удобно лежи на зглобот, следејќи над 100 тренинзи и дневни активности, вклучително и спиење. Ти овозможува да репродуцираш музика, да проверуваш повици и да испраќаш текстуални пораки директно од зглобот — остани поврзан и во тек со Galaxy Fit3.
*Вистинскиот UX/UI може да се разликува.**Траењето на батеријата се заснова врз резултати од тестирања во интерни лаборатории, спроведени од Samsung, со сценарија на типични начини на користење, при што Galaxy Fit3 е поврзан на Galaxy паметен телефон преку Bluetooth, и вклучува 52 известувања, 4 минутна проверка на пораки, 9 минути проверка на часот и 30 минути тренинзи во тек на 24 часа. Претставува симулирана вредност за вкупното трошење на батеријата измерено со анализирање на вообичаените начини на користење и струјата што е потребна за секоја функција, со времетраењето на секоја функција. Тестирано со резултати од претпродажни верзии на уредот. Вистинското траење на батеријата може да се разликува во зависност од статусот на Bluetooth поврзувањето, конфигурацијата, поставките, јачината на сигналот, присуството на бучава, користењето и состојбата на уредот и многу други фактори.
До 13 дена со едно полнење
Добиј до 13 дена напојување со само едно полнење или брзо надополни ја батеријата до 65 % за само 30 минути. Не грижи се за траењето на батеријата и фокусирај се на секојдневната добросостојба.
Големиот екран од 1,6 инчи дава огромен простор за интеракција со твојот Galaxy Fit3. Со леснотија гледај, допирај и лизгај за да направиш повеќе нешта за пократко време.
Благодарение на елегантниот дизајн, Galaxy Fit3 се вклопува во рутината за вежбање. Тенкото алуминиумско тело, тешко само 18,5 g, секогаш покрај тебе при секојдневните тренинзи. Оценките 5ATM и IP68 значат дека е подготвен да се спротивстави на дожд или на прашината. Остани фит и биди спремен.
*Вистинскиот UX/UI може да се разликува.**Наведената тежина се однесува само на телото и не ја вбројува тежината на ремчето.***Galaxy Fit3 е водоотпорен во вода со длабочина од најмногу 50 метри во период од 10 минути, согласно со оценката 5ATM. Не е соодветен за нуркање или активности во вода со висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување. Galaxy Fit3 има заштита од навлегување (IP68) прашина и слатка вода во длабочина од најмногу 1,5 метар во период од најмногу 30 минути. За повеќе информации, погледнете во упатството за корисници, како и во упатствата за грижа/употреба.
Те чекаат над 100 тренинзи
Истражи над 100 различни вежби што може да ги следиш, само двапати притисни го копчето Home. Заборави да притиснеш Start? Не грижи се. Galaxy Fit3 автоматски ги препознава и ги следи популарните тренинзи за тебе, вклучувајќи трчање, вежбање на елиптични справи, на справа за веслање, а сега дури и пливање.
Тенкиот, лесен Galaxy Fit3 совршено лежи на зглобот, тивко следејќи го шаблонот на спиење во текот на ноќта. Откриј ги деталите за своите фази на спиење, ‘рчењето и кислородот во крвта. Откриј кој е твојот резултат од спиењето, добиј тренер за спиење и добро наспиј се, како што заслужуваш.
Следи го здравјето секој ден со Galaxy Fit3, од дневни активности до нивоа на кислород во крвта. Види како напредуваш и направи поздрав избор.
  • Дневна активност
    Следи ги дневните активности — вклучувајќи чекори, време на активност, согорени калории и многу повеќе.
  • Чекори
    Постави си дневни цели за чекори и зачекори кон поздрав начин на живот.
  • Пулс
    Следи го својот пулс и добиј известување кога е превисок или пренизок.
  • Стрес
    Колку си под стрес? Следи ги нивоата на стрес секој час и биди свесен за овие шаблони за да најдеш спокој.
  • Кислород во крвта
    Проверувај ги нивоата на кислород во крвта додека спиеш или во кое било време во текот на денот.

PrevNext

*Вистинскиот UX/UI може да се разликува.**Достапноста на карактеристиката може да се разликува во зависност од земјата или регионот.***Предупредувањата за срцебиењето се наменети само за следење на општата добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување, следење или управување со каква било медицинска состојба или болест. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат медицински совет од лекар.****Постојаното следење и мерење може да се овозможи под ставката Stress (Стрес) во Поставки.*****Достапноста на функцијата за мерење на нивото на кислород во крвта може да се разликува во зависност од земјата или регионот.******Од февруари 2024 година, функциите за срцебиење и следење на стресот нема да бидат поддржани во Ангола, а функцијата за кислород во крвта нема да биде поддржана во Ангола, Либија, Алжир и Иран.
Сеопфатен преглед за перформансите од тренингот, здравјето, спиењето и повеќе со помош на Samsung Health на твојот телефон. Провери ги собраните здравствени податоци преку Galaxy Fit3 и имај увид на поголем екран.
Најди го она што ти треба за миг со помош на интуитивните гестикулации. Лизгај надесно за известувања, налево за полиња, надолу за брзиот панел, а нагоре за списокот со апликации. За кратки и брзи тренинзи, двапати да го притисни го копчето Home за да скокнеш до списокот со вежби.
Galaxy FIt3 прашува дали ти треба помош ако детектира паѓање со помош на вградените сензори, вклучувајќи и барометар. За други итни случаи, може да го притиснеш копчето Home 5 пати за да ги известиш своите контакти за итни случаи. Медицинските податоци се прикажуваат кога ќе пристигне помошта.
Сликај слики, репродуцирај песни, проверувај ги дојдовните повици и одговарај на текстуални пораки — директно од зглобот, синхронизиран со твојот паметен телефон Galaxy. Си го изгуби телефонот? Заѕвони преку Galaxy Fit3 на својот телефон и најди го каде е. Покрај тоа, може да направиш резервни копии од лицата на часовникот, апликациите и многу повеќе за да ги зачуваш омилените поставки.